Постот трае до Бадник, 6 јануари 2027 година. На 7 јануари верниците го празнуваат Божиќ.
За православните верници кои се водат според календарот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, денеска, 28 ноември, почнаа Божиќните пости. Четириесетдневниот пост е познат и како Филипов пост, бидејќи започнува ден по празникот на светиот апостол Филип.
Во текот на постот верниците се воздржуваат од месо, јајца и млечни производи. Според правилата што ги наведува Бигорскиот манастир, риба се дозволува во сабота и недела и во одредени празнични денови. Од 2 до 6 јануари постот е построг и во тие денови не се јаде риба.
Во црковното учење, воздржувањето од храна е поврзано со молитвата, покајанието, трпението и грижата за ближните. Во посланието „За постот, за молитвата, за исповедта и за Светата Причест“, објавено во книгата „Слово од Елеуса“, се нагласува дека свештеникот може да го приспособи телесниот пост според силите и околностите на секој верник.
OhridNews













