Во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”, од  5 -ти до 8 -ми јули, ќе се одржи 58-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи утре, петок, во 20.30 часот на сцената во Долни Сарај, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ”. Претходно, со почеток во 19 часот ќе се одржи и традиционалното дефиле на учесниците.

Покровител на Фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија и пријателите на фестивалот.
OhridNews