Новата сезона во Формула 1 започнува во Мелбурн каде викендов ќе се вози трката за големата награда на Австралија, а првите квалификации од шампионатот донесоа изненадувања и возбудлив старт на шампионатот.

Пол-позицијата за првата трка ја освои возачот на Mercedes-AMG Petronas Formula One Team, Џорџ Расел (George Russell), кој ќе стартува од првата позиција, пред својот тимски колега Кими Антонели (Kimi Antonelli). Со тоа Mercedes го обезбеди првиот ред на отворањето на сезоната.

Од третата позиција ќе стартува Исак Хаџар од Ред Бул, следат Леклер – Ферари и возачите на Мекларен Оскар Пијастри и актуелниот првак Ландо Норис.

Квалификациите ги одбележа и инцидентот со актуелниот шампион Max Verstappen, кој имаше проблеми уште во раната фаза и ќе стартува од задниот дел на колоната.

Новата сезона носи значајни технички промени и нови тимови. Првата трка од новата сезона се вози во недела во Мелбурн и треба да даде први одговори за силата на тимовите во шампионатот, кој годинава најавува неизвесна борба за титулата.

OhridNews