
Апелација случајот го враќа на повторно разгледување во Основниот суд во Струга, откако ја прифати жалбата на адвокатите на Морли, кои го оспорија судското вештачење, врз основа на кое беше изречена пресудата.
Апелација бара да се изврши ново вештачење за сообраќајната несреќа што се случи на 2 мај 2007 година на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога Морли како учесник на меѓународмното рели „Гамбол 3000“ со своето порше се судри со автомобил голф во кој се наоѓаа сега покојните Чепуњоски. Вештачењето тогаш утврдило дека Морли во критичниот момент го управувал своето возило со брзина 161,6 км. на час, наспроти наводите на одбраната која тврдеше дека поршето се движело со 75 киломентри на час.











