Охрид од 17 до 19 јануари по трет пат ќе биде домаќин на Меѓународен саем за туризам.
   
На Саемот ќе се презентира македонската туристичка понуда пред странските туроператори, а воедно ќе се организираат и непосредни средби меѓу нашите  и странските туристички агенции.

Покрај туристичките можности  на Саемот ќе бидат промовирани и македонските вина, а ќе се одржат и натпревари во гастрономија.   

Во склоп на Саемот ќе се организира и  Форум за туризам на тема „Македонскиот туристички производ во Светската туристичка понуда“.

Учесниците на саемот на 19. јануари ќе присуствуваат на манифестацијата Водици.

Ohridnews