Верниците од исламската вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.

– Месецот Рамазан е период на зголемување на обредите, молитвите, но исто така и размислувањата за чистење на душата, за наоѓање на излез од секојдневните проблеми. Само во овој месец, во моментот на размислување, изненадувачки се чувствува потребата за знаење, за учење, за да се биде постојан модел на добар човек. Постот како чин е прекрасно дело, поради тоа што се прави за Бога. Тоа е тешко – но е и еден пријатен тест, тешко – но со големи наградувања. Среќник е оној којшто го очекува овој месец на постот. – вели исламското учење.

OhridNews