
Вечерва, во 21 часот во чест на Св. Климент, со хорски песни низ улиците на Охрид на разни локации, ќе се претстават 120 учесници на фестивалот од повеќе хорови и оркестри од Бугарија, Чешка, Романија, Русија со што и ќе го најават отварањето на фестивалот.
Централната вечер ќе се одржи утре, во 21 часот во Центарот за култура „ Григор Прличев“.
Фестивалот е подржан и финансиски помогнат од Локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид.
Влезот е слободен.
OhridNews











