На Светското првенство во Катар почнува завршната пресметка по групи, по што ќе бидат познати сите учесници во осминафиналето, каде место веќе обезбедија Франција, Португалија и Бразил.

Денеска на програмата се четири средби од третото коло во групите А и Б.

Во групата А од 16 часот се среќаваат Еквадор и Сенегал и Холандија – Катар. На табелата водат Холандија и Еквадор со по 4 бода и идентична гол разлика, Сенегал има 3, а домаќинот Катар 0.

Натпреварите од третото коло во Б групата се играат во 20 часот, а се среќаваат: Иран – САД и Велс – Англија.

Во оваа група во водство е Англија со 4 бода, Иран има 3, САД 2 и Велс 1. Теоретски сите четири репрезентации имаат шанси да се пласираат во осминафиналето.

Г.М.