СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

На 14-ти овој месец, пријавениот околу 11.35 часот влегол во маркет на улица „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.

OhridNews