По повод 8 Март, градоначалникот Константин Георгиески, денеска на жените работнички во охридскиот пазар, во знак на внимание им подари цвеќе, истакнувајќи ја нивната голема улога во општеството.

Им го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената на сите жени во нашата држава. Бидете мудри, храбри, и достоинствени. Вие сте нашата поддршка и водилка кон подобра иднина. Во таа чест денеска им подарив каранфили на жените во новиот затворен пазар во нашиот град. Тоа е само мал гест за нивната големина. Ви благодарам што не бодрите и тоа што секогаш сте покрај нас.

Честит 8 Март. – напиша Георгиески на официјалниот фејсбук профил.

OhridNews