Поддршката од европските фондови за реализација на проекти кои ние како општина ги имаме замислено, меѓу нив и поддршката за проектот за кој веќе е потпишан договорот за имплементација „OHRID GO“ е од огромно значење за нас како Локална самоуправа, но секако и сите можности кои ќе ги имаме во иднина да соработуваме заедно, рече градоначалникот Кирил Пецаков по остварената средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, при посетата на просторот кај поранешната касарна каде треба да се реализира проектот „OHRID GO“, кој финансиски е поддржан од ЕУ.
Соработката на проектот „OHRID GO“ би сакал да претставува само почетокот на понатамошната соработка како Локална самоуправа и ЕУ, во насока на користење на европските фондови и унапредување на соработката во сите сектори каде има можност. Како општина сме подготвени во наредниот период нашите работи да ги сервисираме и одржуваме, а секако се тоа што е битно и можеме да го добиеме како поддршка од страна на европските фондови сме подготвени да ги искористиме. Затоа во наредниот период ќе работиме многу, бидејќи многу малку како држава користиме од средствата кои ни се нудат овие фондовите. Кога тие ни се тука на дофат, наша работа е да проектираме и да аплицираме со подготвени проекти и да имаме успешни апликации во насока да подобриме нешто, било да е тоа инфраструктура, подобри услови за живот на младите, зголемување на спортските содржини, подигнување на свеста за животната средина, екологијата, заштита на еко системите, рече Пецаков.
Разговараме за многу заеднички прашања, за единствениот статус кој го има Охрид како град односно Охридското Езеро и дека тој статус треба да се сочува. Од друга страна разговаравме за заеднички работи приоритетни за двете страни, а тоа се обезбедување и испорака на добри комунални услуги на граѓаните на Општина Охрид, за зелената агенда, за животната средина, но и за младите луѓе како може да го дадат својот придонес во самото општество и како младите може да ги развијат своите вештини да го надоградат своето знаење, рече eвроамбасадорот Дејвид Гир.
Токму во таа насока разговараме во врска со Младинскиот центар, иновативниот центар односно Центар за иновации во општина Охрид за кој мислиме дека е многу важен центар каде младите ќе може да креираат и да можат да излегуваат со изуми и иновации кои ќе можат да придонесат во локалната економија. Како ЕУ со нетрпение очекуваме силна соработка со општинските власти се со цел да создадеме позелен и поиновативен град Охрид, додаде Гир.
При увидот на просторот кај касарната беше презентиран и проектот пред претавниците од ЕУ. Имено, беше потенцирано дека во зградата ќе биде поставен Центарот за старт ап компании, кој ќе биде во иднина надограден и со Иновативен центар и уште три содржини кои ќе бидат додадени, а се дел од проектот „OHRID GO“, Памп траката и Авантуристичкиот парк, како и Смарт сити бајк.
Во рамките на проектот се изработува Физибилити студија со која ќе се определи какви се содржини би имало во овој дел понатаму. Веќе постоечко се голф терените, стадионот кој е наследен од армијата, кошаркарски терен, веројатно во иднина би имало и забавен парк, но конкретнитe содржини би се определиле со Физибилити студијата.
Н.С.Ј.
















