Одборот за изградба на споменик по повод празникот Богојавление, оддржа состанок на кој се разговараше околу тековните активности, донесување на програмата за проектот и распишувањето на конкурс за идејно решение за изградба на споменикот.

Првичната идеја е споменикот да биде со висина до 5 метри. По изборот на идејното решение ќе се одлучи и за локацијата на која ќе биде поставено спомен- обележјето. Засега се знае дека тоа ќе биде околу старото градско пристаниште или кај охридската Капетанија.


 
Како што е познато, иницијативата за подигање на споменик посветен на празникот Богојавление- Водици е на овогодинешниот кум на манифестацијата, Ванчо Чифлиганец, кој во целост ќе ги донира средствата потребни за изградба и поставување на споменикот.

OhridNews