Во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во тек е подготвителната настава по англиски јазик и математика која ќе трае до 17- ти август. Наставата по математика се одржува во терминот: 9-11 часот, додека настава по англиски јазик ќе се одржува во терминот: 11-13 часот.

Подготвителната настава се однесува на сите заинтересирани потенцијални студенти на УИНТ, а со цел запознавање со методите на полагање на приемниот  испит по англиски јазик како и воведување во математиката која се изучува како редовен наставен предмет во наставната програма на универзитетот.

Посетата на подготвителната настава е бесплатна. Заинтересираните кандидати за подготвителната настава можат да се пријават во просториите на Универзитетот.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има 300 слободни места, од кои 220 за редовните студенти во државна квота и 80 слободни места за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите. Првиот уписен рок на универзитетот е на 16-ти 17 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот на 15-ти идниот месец.

OhridNews