Расчистени неколку мини депонии во с. Трпејца, но по нивното расчистување екипите на Ј.П „Охридски комуналец“ повторно затекнале отпад на истите.
Изминативе денови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” ги расчистуваа локациите во с.Трпејца каде несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и др. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубици отпад со ангажирање на специјална механизација, информираат од претпријатието.
Додаваат дека и по чистењето, повторно била затекната истата слика односно повторно имало расфрлани кревети, фотелји, пластични столици и др.
Од препријатието со надеж дека и по нивното повторно интевенирање нема да затекнат пак отпад на овие локации.
OhridNews













