Службите на ЈП Охридски Комуналец подигна тешко разградлив отпад од реката Сушица и беше спречено истиот да заврши во водите на Охридското Езеро.
Со поставената метална решетка на реката Сушица по нејзиното течение во близина на ул„Петрино”, големи количини пластична и картонска амбалажа, најлон-кеси, градежен шут и друг вид отпад е подигнат од оваа локација. На овој начин со спречување на влевање на најразличен вид цврст отпад во езерските води, ја заштитуваме нашата најрепрезентативна природна убавина, велат од ЈП Комуналец.
OhridNews












