Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 04.06.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

Ве охрабруваме да го користите зелениот телефон за пријавување на неправилности или доколку имате прашања! Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат од претпријатието.

OhridNews