Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци. Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата, се вели во објавата.

OhridNews











