Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ„Ванчо Питошески“ во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна.
Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска опрема која значително ќе придонесе за осовременување на процесот на обука и подобрување на квалитетот на ученичката пракса.

Исто така, како дел од проектот за Локална и регионална конкурентност, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во текот на изминатиот период беше изведена комплетна реконструкција на санитарните јазли во училиштето, информира локалната самоуправа.
OhridNews














