На 15 септември лицето со попреченост Љуљета Адеми со поддршка и помош на охридскиот планинар Мишко Танески, го искачи врвот Триглав во Словенија (2864 метри надморска височина). За тоа им беа потребни 17 часа исполнети со напорно качување и слегување од највисокиот врв на просторите на поранешна Југославија.

Подвигот на скопјанката Адеми е дотолку поголем, бидејќи таа е една од ретките кои овој сериозно тежок врв го искачиле со помош на патерица.

Клуч на овој несекојдневен успех се големата волја, сила и одлучност на Љуљета, чие мото е: “Не гледај попреченост, гледај можности”.

Подвиг на респект на Љуљета Адеми и Мишко Танески

Водичот Мишко Танески изрази голема благодарност пред се до Адеми за стрпливоста и покажаната зрелост и истрајност, како и на спонзорите кои го овозможија подвигот: Општина Охрид, Компанијата „Екошпар и помагателите Охридски бисер „Филеви“ и маркети „Тамаро“.

OhridNews