Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек“, на креативен и несекојдневен начин реализираа уште една подводна еко – акција во Охридското Езеро.
Традиционално, среќни новогодишни празници од Нуркачки центар „Акватек“. Годинава почнавме порано за подолго и почесто да не гледате хо, хо, хо… Чувајте го езероно. Стоп за пластика, порачаа подводните еко дедомразовци од клубот „Акватек“.
Членовите на нуркачкиот центар од езерото извадија лименки од пијалоци, пластични шишиња и друг отпад кој несовесните граѓани го имаат фрлено во водите на езерото.
OhridNews












