Со цел подобрување на квалитетот на услугите и поедноставување на плаќањето на сметките , МЈП Проаква го надгради софтверот за електронско плаќање на сметки. Со тоа се овозможува евидентирање на состојбата од страна на потрошувачите како би се избегнало пролонгирањето на фактурирањето на фактичката состојба и генерирање на сметки со висок износ како импликација на нередовното читање, односно фактурирање.

– Овој нов метод е од особено значење за викенд становите, односно за броилата каде што има попречена пристапност за читачките служби од било кои причини. Се надеваме дека оваа новина ќе биде позитивно прифатена и успешно реализирана од двете страни. Службите за контрола на МЈП Проаква и понатаму ќе продолжат со контрола на водомерните броила и санкционирање на сите манипулации согласно закон, велат од јавното претпријатие.

Доколку корисниците имаат технички проблеми околу регистрацијата или внесувањето на состојбите, можат да се обратат на директниот телефонски број 046/230-020 во службата за односи со јавност на претпријатието.

OhridNews