Поемата „Никогаш пред ил’ потем” добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2024 година
26.12.24 13:16
Поемата „Никогаш пред ил’ потем” под шифра „Хидаспес” добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2024 година.
Комисијата, во состав Славе Ѓорѓо Димоски, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев, разгледа 13 пристигнати ракописи кои ги исполнуваа критерирумите при што констатира дека квалитетот на поемите варира и поголемиот дел, имајќи го предвид угледот на наградата и вредностите на претходните наградени поеми, не е на очекуваното ниво. По опсежна дискусија се констатира дека пристигнатите поеми формално ги исполнуваат конкурсните услови, а пет од нив се издвојуваат со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Станува збор за поемите: „Армагедон-големиот суден ден“, „Кирие елеисон“, „Никогаш пред ил` потем“, „Питагорин сведок“ и „Родината. Надеж“.
Жири комисијата едногласно одлучи за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 година да ја прогласи поемата „Никогаш пред ил` потем“ под шифра „Хидаспес”, потенцираат.
Поемата врз конкретен историски фон беспрекорно развива и хармонизира полифониско-полилошка структура во строго утврден ритам. Почитувајќи ги основните и специфични критериуми на поемата како класичен жанр, текстот изобилува со богата лексика вклопена во строги синтаксичко-интонациски контури. Покрај историската поемична димензија текстот уверливо ги нагласува и индивидуалните поетски решенија кои ја следат епската димензија на текстот и истовремено укажуваат и на силен творечки капацитет, посочуваат од Комисијата.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од село Трпејца, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен ...
Врз основа на член 82 од Законот за локалната самоуправа, член 106 од Статутот на Oпштина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Oпштина Охрид, Градоначалникот на Oпштина ...
На денешен ден се одбележува споменот на Светите Јоаким и Ана Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.