Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема „Љубов“.

Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат нашишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење. Конкурсот е отворен до 1 мај, годинава а творбите треба да се испратат на е-маил: [email protected], инфформираат од библиотеката.

Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани велат од библиотеката додавајќи дека Комисија ќе направи селекција на творбите кои ќе влезат во стихозбирката, а по издавањето на книгата, авторите ќе добијат по еден бесплатен примерок од книгата.

OhridNews