Во црквата Св. Софија во Охрид, вечерва во 20.30 часот ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата -СВП за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана. Претходно, во 19 часот, во предворјето на Св. Софија ќе се одржи поетски портет посветен на 90-годишниот јубилеј на Матеја Матевски.

Инаку денеска на прес конференција во Стр уга ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2019 година

Наградите „Златен Венец“ и „Браќа Миладиновци“ ќе бидат врачени на манифестацијата  „Мостови”, што ќе се одржи утре вечер на Мостот на поезијата во Струга.

OhridNews