Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на бензините останува непроменета.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

OhridNews