Вкупно 352, од кои 218 генерички и 134 оригинатори и иновативни лекови, од денеска се продаваат по намалени цени, информираше министерот за здравство, Никола Тодоров.

Со ова, петто поевтинување на лековите, намалени се цените на вкупно три илјади лекови, со што се заштедени над 30 милиони евра.

Намалување на цените има кај речиси сите групи на лекови, особено кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за висок крвен притисок, аналгетици, антибиотици, антимикробни лекови, седативи, антивирусни лекови, антиревматски и др.
 
Просечното намалување кај генеричките лекови изнесува 18,42 отсто, а проценетата заштеда годишно изнесува околу 2,1 милиони евра.
 
Најголемо намалување кај генеричките лекови има кај лековите за карцином Иронетоцан од 100 милилитри, и тоа за 64.44 отсто односно од 8.450 на 3.004 денари и Гемцитабин од 1г од 7.861 на 3.990 денари, како и кај лекот Фентанил од 3.970 на 1.968 денари.
 
Просечното намалување на цените кај оригинаторите и иновативните лекови, пак, е 6.44 проценти, односно 368 денари, а годишната заштеда е околу 1.1 милиони евра.
 
Намалувањето на цените на лековите е направено согласно измените на Законот за лекови и донесената методологија за начинот на формирање на цените на лековите што ќе се прави два пати годишно, во март и октомври

OhridNews

„Макфакс“