Богатиот творечки опус на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски вечерва ќе биде претставен во престолнината на Црна Гора, Подгорица.
За поезијата на Ѓорѓо Димоски, ќе беседат познатиот црногорски поет, книжевен критичари и есеист Гојко Божовиќ и директорот и уредникот на издавачката куќа „Октоих“, Радомир Уљаревиќ.
Пред вљубениците на пишаниот збор познати црногорски актери ќе читани извадоци од книгите поезија на современиот македонски поет.
Претходно денеска Димоски во својство на претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, одржа прес-конференција на која пред црногорската јавност беше презентирана најголемата светска поетска манифестација, а беше претставен и  портретот на годинешниот лауреат на СВП, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти.
Славе Ѓорѓо Димоски има објавено девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи. Неговите дела покрај на српски се преведувани на дваесеттина светски јазици. Основач е на познатата културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. 
OhridNews