Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0%. Кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 5.1%.

Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.6%, а кај странските има зголемување за 1.7%.

OhridNews