Показните вежби и симулации на евакуација во случај на природна непогода кои се спроведуваат во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца лоцираа одредени технички проблеми. Најголем дел од проблемите се поврзани со слободниот пристап на возилата на тимовите коишто треба да интервенираат, истакна Сашо Точков претседател на Црвен Крст Охрид на показната вежба која денес се спроведе во О.У „Братство Единство“

Се покажа дека добро се организирани сите училишта. Дел од проблемите на кои наидивме се од техничка природа, највеќе поврзани со слободниот пристап на возилата на тимовите коишто треба да интервенираат. Таков случај имавме во ОУ„ Григор Прличев“ каде што секогаш има паркирани возила, а не е дозволен паркинг. Денес наидовме на проблем и во ОУ „Братство Единство“ каде што пред влезот има паркирани возила на легален паркинг. Пристапот од амбулатното возило и возилото на противпожарната служба е невозможен поради паркираните возила, затоа апелираме до Општината да се реши овој проблем, вели Точков.

Ако не им овозможиме пристап на тимовите коишто треба да интервенираат во случај  на елеметарна непогода, тогаш не можеме да бидеме ефикасни и да делуваме онака како што е потребно, додава Точков.

Тој истакна дека ваквите симулациски вежби се прават за во случај на елементарна непогода, учениците да бидат подготвени како да постапат.

Оваа активност Црвен Крст Охрид ја презеде заедно со СВР Охрид и Противпожарната единица од Охрид  за да ги анимираме учениците и  целиот вработен персонал во училиштето да знаат како треба да се евакуираат во случај на некоја елементарна непогода. Тоа значи, дека Плановите за евакуација кои сите училишта ги имаат треба да се разработуваат и еднаш на две години согласно законот треба да се прават вакви показни вежби , додаде Точков. 

Тој најави дека ќе биде реализирана уште една финална симулациска вежба во О.У. „Христо Узунов“, а по завршувањето заклучоците од сите претходно реализирани симулации ќе бидат доставени до Локалната.

 

К.А.