Во пресрет на националниот празник Илинден, 2 Август, традиционално вечерва беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето во Велгошти.

Пред паметникот на хероите од Илинденскиот период се поклонија претставници на Општина Охрид и Советот на град Охрид, претставници на политички партии.

Tрадиционално на овој ден цвеќе пред споменикот на Илинденците покрај делегацијата на ОК ВМРО ДПМНЕ положува и Месниот комитет на оваа партија од Велгошти.

Празникот Илинден во земјава ќе биде одбележан со пригодни свечености, кои ќе се одвиваат согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19.

OhridNews