Откриен и пронајден е сторителот кој опожари два автомобила пред хотел во Охрид, информира СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишен охриѓанец. Тој, на 25 март околу 22 часот, запалил две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид. – соопшти СВР Охрид.

Пожарот беше изгаснат со навремена интервенција на Територијалната професионална противпожарна единица Охрид.

OhridNews