Заклучно до денес од страна на МВР против 47 лица се поднесени 39 кривични пријави, како и едно известување до надлежно ОЈО, повеќето врз основ на прекшување на мерките за заштита од коронавирусот, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при посетата на СВР Скопје.
Полициските службеници од СВР Скопје во моментов обезбедуваат 215 лица со решенија за изолација, од вкупно 349 лица на целата територија на државата, како и обезбедување и контрола на 1088 лица со наредби за самоизолација, што е речиси третина од вкупната бројка на самоизолирани лица на територијата на државата којашто во моментов изнесува – 3787. – истакна Чулев.

Чулев денеска објави и дека еден припадник на полицијата е заразен со коронавирус. Преземени се мерки за изолација на заразениот службеник, а во просториите во кои престојувал е извршена дезинфекција, истакна во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 министерот за внатрешни работи.
OhridNews












