Крваво злосторство се случило вечеравечер во скопско Волково. Полицаец со истрели од огнено оружје убил две жени-сосетки, мајка и ќерка, на возраст од над 60 и 80 години.

По убиството, полицаецот заминал во својата куќа каде што извршил и самоубиство.

Според информациите до кои дојде телевизија „Телма“, мотивот за убиството најверојатно била недозволена љубов со ќерка односно внука на убиените.

Во скопско Волково вчера беше забележливо силно полициско присуство, кое го обезбедуваше местото на убиството и ја спроведуваше истрагата за злосторството.

OhridNews
Извор:„Телма“