Љубителите на театарската уметност од Охрид, во сабота на 2. јуни, повторно ќе имаат можност да ја гледаат претставата „Полицајци“, во изведба на охридскиот театар.  Претставата, која ќе се игра на малата сцена на Центарот за култура ,,Григор Прличев’’, во текот на претходните прикажувања привлече големо внимание кај публиката.

Претставата „Полицајци“ е во режија на Андреј Цветановски и е  работена според текст на полскиот писател Славомир Мрожек. Станува збор за приказна за објективитетот како состојба на умот. Драма за искоренување на субјективизмот и човечките вредности. За создавање на едноумие кое носи кон утопијата за совршен свет. За создавање совршен систем на сметка на хуманото во човештвото.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Валентин Костадиновски, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Адријана Билаловиќ, Гпран Стојаноски, Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Претставата започнува во 20 часот, а влезницата чини 100 денари.

OhridNews