
На 06.02.2009 година во 12,00 часот во водите на Охридското Езеро, при вршење на патролна служба од страна на припадници на Езерската полиција – Охрид, на потегот од с.Калишта до с.Радожда на оддалеченост од 500 метри од брегот, пронајдени се 17 рибарски мрежи со улов од триесет и девет парчиња риба, со вкупна тежина од 4,1кг.
Риболовниот алат заедно со уловот е пренесен во ПС за понатамошна постапка, соопшти полицијата.











