Натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација против Русија кој одлучуваше за бронзениот медал на Евробаскетот 2011 во Литванија, го следеле во живо пред ТВ екраните половина милион жители на Македонија, или поточно 480.000, покажале официјалните испитувања на глобалната светска ТВ мрежа, а реализирани на барање на ФИБА.


Дуелот со Русија за бронзата е убедливо најгледаниот настан во Македонија во 2011 година, а согласно произволните проценки и генерално во годините на новиот милениум.

Нашиот национален тим, според официјално презентираните статистички показатели е еден од најгледаните тимови на штотуку завршениот Евробаскет. Покрај спомнатиот натпревар со Русија, полуфиналниот дуел со Шпанија го следеле пред малите екрани вкупно 2,19 милиони луѓе во светот, што е во просек повеќе за 200.000 гледачи во однос на сите дотогаш претходни натпревари на Шпанците на шампионатот.


Меѓутоа, Македонија, преку изминатиот европски кошаркарски шампионат, е поврзана и со рушење на рекорд на гледаност на еден спортски настан во една земја. Нашата четвртфинална средба со Литванците ја следеле пред ТВ екраните 842.000 жители во Литванија, што е трет највисок резултат на гледаност на еден спортски настан од 2000-та година па наваму, откако воопшто е стартувано со мерење на гледаноста на поедини светски случувања.

“извор: Екипа.мк“
Ohridnews