Промоција на Прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливи групи, ќе се одржи денеска во Охрид.
Прирачникот е продукт на проектот “Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува-Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” чиј носител е културниот центар „Медиа Артес“, а кој е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Прирачникот е дизајниран како алатка која ќе ги поттикне уметниците и останатите креативни професионалци и ќе им им помогне во нивната работа со ранливи групи. Покрај теоретските текстови, практичните алатки и истражувањето, во централниот фокус на Прирачникот се локалните пилот-активности кои во изминатава година, во рамки на проектот, беа реализирани од страна на професионални уметници со различни ранливи групи и во различни средини/институции, информираат од „Медиа Артес“.
Промоцијата на Прирачникот е завршниот настан со кој се заокружува едногодишниот проект на К.Ц. „Медиа Артес“.
OhridNews