Во првото полугодие, на подрачјето на Р. Македонија се регистрирани 389 кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува зголемување од 16,1% во однос на истиот период минатата година кога беа регистрирани 335 кривични дела. За разлика од кривичните дела, прекршоците ова полугодие бележат големо намалување од 46,2%, односно регистрирани се 152(283) прекршоци, извршени помеѓу членови на потесното семејство. 
Минимално зголемување од 3,4% има кај поплаките поднесени од лица против членови на нивните семејства, така што нивниот број ова полугодие изнесува 2.120(2.050), информираат од МВР. 

Стапката на семејното насилство е највисока на подрачје на СВР Битола и СВР Штип, а најниска на подрачје на СВР Тетово и СВР Скопје. 
Намалување на сите три параметри (кривични дела, прекршоци и поплаки) има на подрачје на СВР Охрид и СВР Куманово.

Најголемо зголемување на семејно насилство е забележано во СВР Тетово за 93%, потоа СВР Штип за 50% и СВР Скопје за 24,4%, додека на останатите сектори не се регистрирани поголеми разлики. Зголемувањето на кривични дела се должи на порастот на делата „телесна повреда“ за 25,6%, соопшти МВР.

OhridNews