која Икер Касиљас по десет години одгледа еден натпревар на својот клуб
од клупата за резервни играчи.
„Лоуро е виновникот за лошиот однос кој го имаат Жозе Мурињо и Икер
Касиљас. Лоуро воопшто не комуницира со Касиљас, па Мурињо ја загубил
довербата во својот голман. Тоа е клучот“, пишува весникот ’Marca’.
Лоуро е поранешен голман на Бенфика и Порто и е човек во кого Мурињо има
огромна доверба. Тој бил тренер на голманите во сите екипи каде што
работел Мурињо.
„Oдносот на тренерот на голманите и самиот голман е специфичен. Доколку
тренерот не е во добри односи со голманот, тогаш по правило следуваат
негови лоши изданија. Таков е случајот со Касиљас, кој не е во добри
односи со Лоуро“, појаснува весникот во својот коментар и додава: „Вистина е дека Луоро и Касиљас не комуницираат веќе два месеца.
Резултатот на сето тоа е тој што Икер, во неделата, седеше на клупата за
резерви. Јасно е дека Касиљас ќе мора да се потруди доколку сака да се
врати на голот на Реал.