Понтонските мостови кои беа поставени на 6 локации во Охридското Езеро се демонтираа.


Понтонскиот мост на кејот демонтиран

Понтонските мостови, што ги постави Македонски телеком, односно T-home, служеа за вкотвување на лесни пловни објекти, а дополнително тука беа поставени и ХотСпот точки, преку кои сите посетители можеа да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно и неограничено.

По завршување на туристичката сезона пластичните платформи се извадија од вода, но во езерото останаа рекламните пловки на спонзорот.

OhridNews