Угостителската понуда на Охрид, на задоволство на љубителите на добрите традиционални италијански специјалитети, од неодамна е побогата за Пицерија „Капоне“.
Лоцирана на булевар „Туристичка“ наспроти поранешен „Наполеон, пицеријата „Капоне“ нуди над 13 видови на пици со карактеристична италијанска припрема и изработка на тестото и состојките.
Сакаме да сме инвентивни и да нудиме нови пици како и креативно да експериментираме со вкусовите и сетилата на клиентите. Целта ни е да станеме локална пицерија блиска до сите, која секој ќе сака да ја посети штом помисли на пица. Постојано го подобруваме квалитетот и се држиме до оној автентичен стил, а воедно воведуваме новости во соработка со локални брендови, и со помош на клиентите. – велат од новоотворената пицерија „Капоне“.

Секогаш сме во добро расположение и секој е добредојден да сврати на парче пица и добар муабет. Доставата ни е бесплатна, а и доставувачите ни се забавни. – порачуваат од Пицерија „Капоне“.
OhridNews











