Продолжува периодот на променливо време во нашата земја. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Во четврток се очекува стабилизација на времето. Претежно ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во пораст и на места ќе достигне до 36 степени, а индексот на УВ зрачење исто така ќе биде висок и ќе изнесува 9.

OhridNews
фото: Архива