Дека во екипата ВБА сезонава има нешто посебно покажа Јусуф Мулумбу, кој заработи комичен црвен картон на мечот со Вест Хем. Во финишот на мечот Мулумбу “полуде“ откако Гери О`нил не му дозволи брзо да го изведе прекршокот и ја шутна топката која го погоди во задникот.


Ова е втор директен црвен картон за тимот на Стив Кларк, првиот го доби македонскиот интернационалец Горан Попов, кој го плукна противничкиот фудбалер Стив Кларк.

Мх.П.