Управата на најзначајната културна манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“, забрзано се подготвува за почетокот на скратеното издание на 60-то јубилејно издание кое ќе биде свечено отворено на 4 август, денот кога пред шест децении со концерт на оперската дива Ана Липша Тофовиќ започна големата традиција.
Целиот фокус во моментов е ставен на организацијата на фестивалот кој поради корона кризата ќе има скратена програма која содржи извонредни музички имиња и театарски претстави, вели директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ.

Раководството на фестивалот вели дека случувањата околу работната верзија на програмата, вклучително и Жељко Јоксимовиќ се минато, но се согласуваат дека е предизвикана штета на реномето на манифестацијата на која секогаш во офф програмата настапувале популарни музички имиња, кои се разликуваат од класичната понуда на фестивалот. Посочуваат дека посочениот настан не бил потврден ниту бил дел од официјалната програма. Како работната верзија од програмата се најде во медиумите и со која цел, јавноста ќе биде запознаена по завршување на фестивалот, најави директорката Поповиќ.
По завршување на јубилејкното издание на „Охридско лето“ ќе се занимаваме со овој случај. Надлежните институции работат на утврдување како излезе работната верзија во етерот и предизвика бурни реакции, но не би сакала за тоа да говорам сега, во септември можеме да имаме повторно прес со точно име ќе викажам како и кој го направи тоа за да наштети не само на фесивалот туку и на цела култура во нашата земја. – изјави директорката на „Охридско лето“ Поповиќ.
Г.М.
Отворањето на јубилејното „Охридско лето“ во знакот на почетоците на блескавата традиција











