Најмалку девет лица загинале, а над двесте се водат за исчезнати при уривање на брана од рудник за железо во местото Минас Гераиш во Бразил.

Според првичните информации на светските агенции, оргомно количество јаловина истекло од оштетената брана и го срушила ресторанот на браната во кој ручале неколку стотини работници. Шансите некој да преживее се мали, соопштиле тамошните власти.

Голема несреќа во овој рудник се случила и во 2015 година, при што загинале 15 лица и била предизвикана огромна еколошка катастрофа.

OhridNews
фото: скриншот You tube