Поради настанатиот дефект, односно оштетувањето на главната водоводна цевка на улицата АСНОМ, кај населбата Охридати, голем дел од градот ќе остане без вода до доцните вечерни часови, информираат од јавното претпријатие МЈП Проаква Водовод Охрид.

Екипите на јавното претпријатие се на терен, се работи на отстранување на дефектот, но поради неговата сложеност се очекува активностите да траат до доцните вечерни часови, по што се надеваме дека ќе успееме да го отстраниме настанатиот дефект, велат дежурните екипи од јавното претпријатие.

Прекин во водоснабдувањето има на потегот од улицата „АСНОМ“ па се до улицата „ Македонски просветители“, каде се опфатени и  дел од „Јане Сандански“, улицата „ Партизанска“, „ Кеј Маршал Тито“,„ Славеј Планина“, „Спас Банџов“. 

OhridNews

Пукна главна водоводна цевка, поплавени повеќе станови во населбата Охридати