Македонија е една од земјите која во моментов нема право на глас во Генералното собрание на ОН, објави „Утрински весник“. Македонија, Руанда и Јемен се меѓу осумте земји на кои им е суспендирано правото на глас во Генералното собрание поради неплаќање на долговите.

Овие земји, меѓу кои е и нашата, го прекршиле членот 19 од Повелбата на ОН, во кој се наведува дека земјите ќе го загубат своето право на глас во Генералното собрание на ОН доколку „нивните долгови се еднакви или поголеми од износот на придонесите за претходните две години”.

Руанда на 31 декември, 2014 година го заврши двегодишниот мандат на претседавање со Советот за безбедност. Руанда инаку е петта на листата земји кои што најмногу придонесуваат со број на војници во мировните операции на ОН.Според писмото на Претседателот на Генералното Собрание на ОН, Бан Ки мун, за да им биде вратено правото на глас, Јемен треба да плати минимум 65.000 евра, Руанда треба да плати минимум 6.715 евра за да си ги повратат привилегиите и повторно да имаат право на глас.

Македонија за да има право на глас ќе мора да плати 21. 500 евра. Либерија е исто така наведена во писмото на Бан Ки Мун, но потоа тој го информираше Генерално Собрание дека Монровија го има направено потребното плаќање.Ова се осумте земји што во моментов немаат право на глас во Генералното собрание: 1. Јемен 2. Гренада 3. Киргистан 4. Маршалски Острови 5. Руанда 6. Република Македонија 7. Тонга 8. Вануату.

OhridNews

Извор: „Утрински весник