Од АМСМ информираат дека денес, вторник, поради изведување градежни работи (минирање), ќе има прекин на сообраќајот од 12.00 до 15.00 часот во време трање од 15-20 минути на патниот правец Кичево-Охрид, на делот Пресека-Врбјани.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews