Екипи од ЈП „Нискоградба“ денес интервенираа на две локации, каде беа затнати цевки од канализационата мрежа. Се работеше на улицата „АСНОМ“, како и на улицата „ Коста Абраш“ , каде беа пронајдени големи количини искористени влажни марамчиња, поради кои дошло до затнување на цевките.
Од ЈП „Нискоградба“ повторно со апел до граѓаните да не фрлаат несоодветен отпад во цевките од канализационата мрежа.
OhridNews