Поради големиот пожар на Плетвар како и неизвесноста кога ке биде отворен патот Прилеп – Росоман каде сообраќајот е во прекин од 15.40 часот, најголемиот авто превозник кај нас АД „Галеб“ информира дека ќе ги пренасочи поаѓањата на автобусите од и кон Охрид.

-Поаѓањето кон Кавадарци, Велес, Скопје и натаму кон Белград е пренасочено преку Македонски Брод. Автобусот за Белград ќе доцни неколку часа!

-Патниците кои патуваат за Велес и Кавадарци ќе бидет превезени преку Скопје со друг автобус.

-Поаѓањата од Кочани, Штип и Велес кон Прилеп, Битола и Охрид ќе бидат пренасочени преку Скопје кон Охрид, а дополнително и за Ресен, Битола и Прилеп.

АД „Галеб“ Охрид

Од АД „Галеб“ Охрид апелираат на разбирање и трпение од страна на патниците, бидејќи станува збор за вонредни околности предизвикани од виша сила, а не по вина на превозникот.

OhridNews

Голем пожар кај Прилеп, во прекин сообраќајот преку превојот Плетвар